Клучевите на денешните автомобили имаат далеку посложена структура отколку оние од пред 40-тина години. Самиот факт што тие функционираат “безжично” односно емитуваат радио бранови е доволен показател за комплексноста.
Оттука, поради самите радио бранови иструктурата потребно е посебно да внимаваме на нив доколку сакаме да функцонираат правилно подолго време.
Многу е важно каде и како ги чуваме клучевите кога не го управуваме возилото. Најважен услов е да не го оставате клучот во близина на телевизори, компјутери, мобилни телефони, електрични плотни, рутери и други електрични апарати. Доколку често ги чувате поради магнетното поле може да дојде до сериозно оштетување на клучот.
Исто така не го чувајте клучот во ист џеб со мобилниот телефон или со други клучеви кои емитуваат радио бранови. Важно е да се знае дека клучот за да функционира прописно не треба да се користи доколку е покриен со други метални предмети.
Сите овие горенаведени услови може да придонесат за празнење на батеријата и слабеење на емитирачките радио бранови.