Седум престижни професионални и експерти од полето на човечките ресурси на 31 мај, во хотелот Александар Палас во Скопје ќе дебатираат на темата “From HR to RH – Respect for Humanity” (Од менаџмент со човечки ресурси – до почит кон луѓето) на десеттата јубилејна Меѓународна конференција за човечки ресурси.
Уникатна и единствена тема, која фокусот го става на човечноста и хуманоста е избрана со цел да се постави основната потреба, но и највисоката цел на цивилизираниот свет, а тоа е почитта кон луѓето, поддршка на нивниот развој и признание на нивната непроценлива важност на организациите.
Зад темата на конференцијата ќе застанат седум истакнати говорници од странство, меѓу кои главните HR менаџери од мултинационални компании, како и искусни консултанти, коучи и професори од Италија, Словенија, Грција, Португалија, Австрија, Унгарија, кои ќе ги споделат своите искуства и визии во оваа областа и ќе го презентираат своето стручно знаење и иновативните идеи.
Конференцијата е организирана од Македонска асоцијација за човечки ресурси која се залага за поддршка на највисоките идеали во областа на управување со човечки ресурси и за посестрано прифаќање и ценење на професијата и нејзиниот кредибилитет. Оваа година организацијата на настанот е во партнерство со агенцијата Вработување.ком.
Посетителите ќе имаат можност да се поврзат со луѓето и менаџерите од нивниот домен на работа и да остварат вредни познанства, како на локално, така и на регионално ниво.
За повеќе информации околу регистрација за настанот можете да најдете на следната веб страница.