Кризниот штаб на Владата денес расправал за опцијата за намалување на траењето на полицискиот час, со што тој би траел од 19 до 05 часот.
Централниот кризен штаб формиран за мерките против вирусот Ковид-19, денеска дискутираше за измена на времетрањето на полицискиот час од 19:00 до 05:00 часот, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
По појава на корона вирусот во Македонија, првично полицискиот час почна да се применува од 21:00 до 05:00 часот, односно оваа одлука траеше неколку дена и потоа беше заменета со времетрање на полицискиот час од 16:00 до 05:00 часот.
Воедно од Владата на неколку наврати информираа дека олеснување на рестриктивните мерки ќе почне да се применува после 1 мај.