Владата донесе одлука акцизата за нафтените деривати да се зголеми за три денари, а денес Регулаторната комисија за енергетика треба да се изјасни за новите цени кои би биле актуелни во следната седмица.
Изминатиот понеделник, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2.49 проценти во однос на малопродажните цени кои беа утврдени една недела претходно.
Со одлуката, се зголеми малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0.50 денари за литар со што нивната малопродажна цена изнесуваше 48.50 денари, односно 50.50 денари.
За 0.50 денари се намали малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и неговата нова цена изнесуваше 33.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остана непроменета и истата изнесува 45.00 денари.
Денес, Регулаторната комисија за енергетика ќе го објави новите цени за прв пат после зголемувањето на акцизата.