Управата за јавни приходи денеска соопшти дека рокот за поднесување ДДВ за фирмите (ДДВ-04) е продолжен за пет дена, односно дека крајниот рок е 30 април.
„Согласно препораките на Владата за преземање мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот, Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата предлог -уредби со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување обрасци и плаќање даночни обврски. Согласно ова, крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период 01.01.2020-31.03.2020 и даночниот период 01.03.2020-31.03.2020 од 25.04.2020 се продолжува за 5(пет) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 30.04.2020 година“,