Нов трошок за македонските туристи кои ова лето ќе одат на одмор во Грција
Дистрибутерите на горива во Грција предупредуваат дека е можно ова лето бензините во Грција да поскапат и до 2,5 евра за литар, информира весникот “Прото тема“.
Според пишувањата во весникот, можно е да се очекува поскапување на горивата во Грција, доколку продолжи растот на цената на нафтата на светските берзи.
Растот на цените на горивата во Грција се должи и на зголемените транспортни и производни трошоци, смета „Прото тема“, оценувајќи дека во наредниот период се можни шпекулации на пазарот со горива, поради тоа што ја нема непходната контроа во оваа сфера од страна на државата.