![Најчест висока температура: 479 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/2a/477781a2-resize-820x0x100.jpg)
Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија се регистрирани 1.367 лица заболени со коронавирусот.
“Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,7%), кашлица (52,9%), малаксаност (34,5%), треска (19,2%), главоболка (16,6%), болка во грло (15,9%) и отежнато дишење (14,7%). Кај 479 или 35,0% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 339 или 70,8% имале контакт со веќе потврден случај во државата“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје, заклучно 24. април, а која еМагазин секојдневно ја пренесува.