Голем дел од граѓаните не ги почитуваа мерките и не носеа заштитна прекривка на носот и устата деновиве. Поради тоа уште утре Комисиајата за заразни болести ќе предложи до Владата да се започне со казни, информира мМинистерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција.
„Стигаат пораки и фотографии од кои се гледа дека голем дел од граѓаните ги почитуваат мерките и не носат заштитни маски или несоодветно ја носат, ја држат во рака или сллично. Затоа ќе предложиме од утре , најдоцна задутре да се почне со казнување“, рече Филипче.
Се разбира има и такви, многу од нив што се со заштита на лицето и држат дистанца и на нив им благодарам што ги почитуваат мерките, нагласи Филипче. Тој рече дека ќе анализираат како ќе биде ситуацијата деновиве и врз основа на тоа ќе донесат одлука дали и колкав ќе биде полицискиот час за 1 ви мај.
„Мерките за олабавување ги носиме во пакет со маските, ќе анализираме деновиве дали се почитуваат и согласно на тоа ќе донесеме одлука за 1 ви мај“, рече Филипче.
Предвидената казна за неносење на маска, марама или шал, на јавно место изнесува 20 евра, а 2.000 евра е казната за компаниите кои нема да им обезбедат заштитни маски на своите вработени.