Граѓаните на Словенија се незадоволни од ситуацијата во земјата и тоа незадоволство го изразуваа главно на социјалните мрежи, а минатиот петок во Љубљана беа организирани и протести поради ограничувањето на слободите во текот на епидемијата.
Протестот кој беше организиран преку социјалните мрежи помина мирно и без инциденти.
Во Словенија денеска повторно се одржаа протести против владата и продолжувањето на мерките за карантин поради епидемијата од коронавирус, пренесе новинската агенција СТА, наведувајќи деак протести се одржани во Љубљана, Марибор и некои помали градови.
Во неколку држави од светот во последните денови се одржаа протести против мерките на владите против коронавирусот. Во Германија се уапсени повеќе од 100 луѓе.