![Границата меѓу Словенија и Хрватска може да биде отворена до крајот на Мај](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/36/e3a13863-resize-820x0x100.jpg)
Ако нема повторно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, границата меѓу Словенија и Хрватска може повторно да биде отворена до крајот на мај, јави дописникот на МИА од Љубљана
На оваа тема во Загреб разговараа министерот за економија на Словенија Здравко Почивалшек и хрватскиот министер за туризам Гари Цапели, по што двајцата се согласија дека е потребно да се најде начин за отворање на границата пред почетокот на летната туристичка сезона.
Почивалшек побара хрватската Влада да им дозволи на словенечките државјани кои имаат куќи и викендици во Хрватска да ја поминуваат граница.
Околу 110.000 недвижности во Хрватска се во сопственост на Словенци, а тие поради епидемијата и затворените граници речиси два месеца не можат да видат во каква состојба е нивниот имот.