Mинистерството за труд и социјална политика вечерва преку соопштение упати потсетување до сите компании дека се обрзани да им платата дневница на работниците што ќе работат на празник, однос утре за 1 мај – Денот на трудот, кој согласно Законот за празниците е државен празник и е неработен ден за сите вработени.
„Министерството за труд и социјална политика потсетува дека работниците кои работат на ден кој со закон е определен како празник, согласно Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата. Согласно Законот, работодавачот е должен за работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот Државен инспекторат за труд“,
информираат од оваа Министерство.
Секое прекршување на оваа регулативата работниците можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или на мејлот poplaki@dit.gov.mk.