Милијардерот и иноватор Илон Маск, сопственик на компанијата Tesla, повика на брзо рестартирање на американската економија, па оцени дека воведувањето карантин е фашистичка мерка.
Во видеоповик, Маск остро ги нападна рестриктивните мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот.
“Искрено, јас тоа би го нарекол присилно затворање на луѓе во нивните домови, против сите нивни права загарантирани со Уставот. Тоа ќе предизвика голема штета, не само на Tesla туку и на многу други компании“, рече Маск.
Американските здравствени работници тврдат дека наведените мерки се клучни за усорување на ширењето на заразата. Во САД од коронавирус починаа над 60.000 луѓе.
Претходно Маск на социјалните мрежи повика на брзо отворање на американската економија.
“Ослободете ја Америка“, напиша Маск, кој има повеќе од 33 милиони следбеници на Twitter. Твитот на Маск e споделен над 50.000 пати.