УЈП денеска информира како да поднесете барање за финансиска помош од државата за исплата на плата.
„Врз основа на Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година , за остварување на правото работодавачот поднесува барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи. Поднесувањето, на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето“, вели УЈП.
Начинот на пополнување на Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година (образец БФП-ИП) http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/221 е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.