Бензините поскапуваат за половина и за еден денар, дизелот поевтин за половина денар
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,26 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 27.04.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денари за литар и ќе изнесува 50,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголеми за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 52,50 ден/лит.
Сакаш да заработиш до 50.000 денари? Аплицирај:
Коресподент по турски јазик за надворешни презентации на фирмата
Коресподент по албански јазик за надворешни презентации на фирмата
Коресподент по шпански јазик за надворешни презентации на фирмата
Коресподент по англиски јазик за надворешни презентации на фирмата
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намали за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 42,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 31,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,801 ден/кг и ќе изнесува 16,144 ден/кг.