Во Србија денеска се укинува вонредната состојба, но некои мерки остануваат на сила
Во Србија денеска се очекува да ја укине вонредната состојба, со што заклучно со четврток нема да има полициски час, но некои мерки воведени за време на борбата против коронавирусот ќе останат на сила.
Сепак, тамошните власти велат дека по укинување на вонредната состојба, на сила останува мерката за прогласена епидемија од посебно значење, како и пандемија од Светската здравствена организација, која вклучува вонредни мерки.
На сила ќе остане обврската за употреба на маски и ракавици во јавниот превоз, како и во рестораните и кафулињата, останува на сила и социјалната дистанца, ќе нема и понатаму настава во училиштата, а останува наставата од далечина. Шетањето ќе биде дозволено, но не и во група, а прославите како свадби, крштевки, родендени ќе бидат дозволени од 15 јуни.