Придружете ни се на првиот регионален вебинар за начинот на работење во време на криза
Нашиот партнер MojPosao овој петок (8-ми мај) во 15:00 часот е домаќин на првиот регионален вебинар каде ќе имате можност да слушнете за искуствата на работодавците во регионот и како нивните компании се справуваат со тековната криза.
Темата на вебинарот е „Состојбата на пазарот на трудот во регионот по пандемијата и како понатаму“, а на него, преку отворен разговор со претставници на успешни компании од Хрватска, Словенија, БиХ и Македонија, ќе откриеме како сегашната криза влијаеше врз економската состојба во регионот и ќе дознаеме повеќе за различните пристапи во управувањето со човечките ресурси во кризни ситуации.
Овојпат, панелисти ќе бидат експерти за човечки ресурси: Ивана Дојчиновска Стојановиќ (НЛБ Банка АД Скопје, Македонија), Мирјана Викадовиќ (Perutnina Ptuj d.d, Словенија), Златан Дељкиќ (ASA Osiguranje, БиХ) и Ана Јосиповиќ (METRO C&C, Хрватска).
Учеството на вебинарот е бесплатно. Пријавете се на овој линк.
Се гледаме во петок во 15 часот!