Заклучно со податоците објавени вчера, во Македонија до сега се регистрирани 1.572 лица заболени од коронавирусот
“Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 45,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 343 (21,8%) со инциденца од 89,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 118,0/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (328 заболени).
Најниска инциденца од 23,6 и 25,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 54 и 64 случаи соодветно“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), со податоци до 6.мај.