Авиокомпанијата Визер ги обнови летовите до аеродромот во бугарскиот град Варна од Ајндховен (Холандија), Дортмунд (Германија) и Лондон (Велика Британија). Трите лета се планирани за вечерва.
По тој повод, Регионалната здравствена инспекција наложи во времето на слетување на трите авиони, во зградата на аеродромот да присуствуваат инспектори кои ќе мерат телесна температура на патниците и ќе им дадат летоци со упатства и услови за карантинот. Сите пристигнати патници ќе треба да останат во 14-дневен карантин, бидејќи доаѓаат од региони ризични во однос на ширењето на болеста.
Цената на авио-билтетите може да се зголеми и за 50 проценти
Oткако повторно ќе може да се лета со авиони ширум светот, цените на билетите би можеле да се зголемат за најмалку 50 проценти, предупредува Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА).
Во согласност со тековните предлози за социјалната оддалеченост на превозниците, тие може да бидат принудени да остават празни некои од местата во авионот, а тоа во голема мера ќе влијае на профитабилноста.
Некои авиокомпании, вклучително и „Delta“ и „EasyJet“, веќе објавија дека ќе ги отстранат местата од среден ред за извесен временски период за да обезбедат безбедно растојание меѓу патниците. Дизајнерите на авионите, исто така, размислуваат да инсталираат пластични паравани меѓу седиштата, објави „NBC News“.
Хартиените менија, како и списанијата во авионите, исто така остануваат во минатото. Дури и оброците во летот ќе изгледаат многу поинаку, велат експертите. „American Airlines“ објави дека нема да им обезбеди на патниците пијалоци или храна на домашните летови, само за меѓународните. „Unitedу“ ќе им понуди на клиентите пакети кои претходно се спакувани и запечатени, додека „Delta“ ги охрабрува патниците да си носат свои производи за да „го намалат физичкиот контакт меѓу клиентите и вработените“.