Доколку и во текот на утрешниот ден продолжи трендот на намалување на бројот на новозаразени, како што беше во последните две недели, ќе биде препорачано да има отворање на институциите, но тоа ќе биде постепено, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Како што пишува порталот а1он.мк, министерот изјавил дека први кои би почнале со работа би биле оние кои организираат едукации, курсеви, како и автошколите. Освен тоа, приоритет ќе имаат и тие кои можат да воспостават шалтерски систем на функционирање, односно таму каде што може да се дозволи воспоставување на ред, физичка дистанца и носење маски. Во овој дел влегуваат и обложувалниците.
Сите овие предлози ќе бидат разгледани утре и ако се усвојат ќе бидат предложени до Централниот штаб на Владата.