За влез во Србија ќе биде потребен негативен тест на корона, не постар од три дена.
“Граѓаните кои ќе патуваат во странство во земји кои инсистираат на ваква потврда ќе можат да направат корона тест којшто ќе чини 6.000 динари односно 50 евра“, рече пулмологот и член на Кризниот штаб, Бранимир Несторовиќ, пренесува B92.
Тој рече дека во Србија поради патување, граѓаните ќе можат да направат корона тест на свое барање и дека тоа ќе се прави во лабораторија во Клиничкиот центар на Србија.
Исто така, за сите оние кои доаѓаат во Србија, ќе биде потребен негативен тест на корона не постар од три дена. Оние кои немаат ќе мораат во изолација 14 дена.