Технолошките гиганти Facebook и Google најавија дека нивните вработени ќе продолжат да работат од дома до крајот на годината.
Google и Facebook ги објавија своите планови за отворање на канцелариите бидејќи истите беа затворени поради коронавирусот меѓутоа компаниите решија на вработените да им дадат поголема флексибилност за работа од дома.
Google првично објави дека ќе работи од дома до 1 јуни, но потоја ја продолија оваа одлука за уште седум месеци.
Извршниот директор на компанијата, Сундар Пичаи, изјави дека вработените кои мора да се вратат во канцелариите, ќе можат да го сторат тоа од јули, но со почитување на сите мерки на заштита.
Тој додаде дека повеќето вработени кои можат да работат од дома, ќе можат да го прават тоа до крајот на годината.
Скоро во исто време пристигна и информација од Facebook во однос на отворањето на канцелариите.
Денес информираме дека сите што можат да работат од дома, ќе имаат можност да го прават тоа до крајот на годината, изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека допрва ќе се разгледува од кои вработени ќе биде побарано да се вратат во канцеларија.
Facebook е една од првите технолошки компании што им овозможи на вработените да работат од дома. Дополнително, компанијата на своите вработени во САД им исплати бонус од 1.000 долари за работа од дома и грижа за нивните деца.