Српската Влада на вчерашната седница донесе измена на одлуката за протокол за влез на српските државјани во Србија.
Српската Влада на вчерашната седница донесе измена на одлуката за протокол за влез на српските државјани во Србија.
Српските медиуми денеска излегоа со детали по шпекулациите дека ќе се прават бесплатни тестови на граничните премини за влез во Србија.
Пишуваат дека таа информација не е точна, но дека во нивната земја сите граѓани на Србија кои се враќаат од странство ќе може да влезат само со негативен тест од коронавирусот или да бидат 14 дена во изолација.
Ова не важи за децата до 12 години како и за оние граѓани на државата кои ќе се задржат помалку од 72 часа, односно три дена во земјата.
Тие во конкретните мерки за странците, т.е за граѓаните на соседните земји вклучувајќи ја и Македонија информираат дека за влез во нивната земја нема да бараат било каков документ или пак тест за коронавирус.
-Ова важи и за децата (државјани на Србија) до 12 години доколку старателот на детето поседува негативен тест за влез во земјата
-Странците
-Хуманитарните конвои
-Шоферите, пилотите, авионскиот екипаж
-Дипломатите
-За државјаните на Србија кои во странство останале до 72 часа, а немаат симптоми на КОВИД-19.
-Државјани кои се вработени во соседните земји.