![Убер за 3 минути отпушти 3.500 вработени](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/32/3ef1df23-resize-820x0x100.jpg)
Пандемијата на вирусот Ковид-19 погоди голем број економски дејности, а вчера американската интернационална компанија Убер, која има мобилна апликација преку која организира превоз на патници, отпушти 3.500 луѓе.
Оваа вест, која ја пренесе порталот „Европатудеј“ за кратење на работните места, е сама по себе тежок удар за отпуштените работници, но уште пошокантен е фактот што компанијата реши да им го соопшти ова на луѓето преку видео конференција.
Пораката до вработените со која тие се известуваат дека од денес остануваат без работа траеше само 3 минути.