Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, објави дека очекува дека во наредните десет години околу 50 проценти од вработените во компанијата да работат од дома.
Сепак, тој додаде дека платите ќе бидат намалени за вработените кои наместо да живеат во Силициумската долина, ќе живеат во други делови во САД каде трошоците за живот се пониски.
Плаќаме многу добро, во суштина најмногу на пазарот, но плаќаме по пазарни цени, кои се разликуваат од локација до локација, така што тој принцип ќе продолжи да се применува и во овој случај, рече Закерберг.
Во Фејсбук се вработени околу 50 000 луѓе, а компанијата планира да изгради три нови регионални седишта во Атланта, Далас и Денвер за повремени собири на вработени кои живеат во близина на тие градови.
Според „Скај њуз“, сè уште не е познато каков финансиски ефект има ќе има работењето од дома на голем дел од вработените во „Фејсбук“, но јасно е дека покрај одредени заштеди кога станува збор за превозот, храната и потенцијалната заработка, треба да се земе предвид и обезбедувањето соодветна опрема потребна за успешно вршење на работата од дома, што би можело да биде скапо.