Ѓуро Хорват, директор на фирмата „Техник“ во Хрватска, им ги платил долговите на своите вработени и им одблокирал сметките во банка, пишува „Вечерњи лист“. Откако „Вечерњи лист“ ја ја објави оваа вест, дека компанијата им позајмила на работниците од делот на добивка повеќе од 33 000 илјади евра, односно поединечно од 660 до 3 300 евра за да ги исплати банкарски долгови на вработените, оваа вест ја пренесоа бројни медиуми, а директорот Хорват го бараат за изјава дур Германија.
„Се јавуваат новинари од сите редакции, дури од Германија, и бараат изјава. Мило ми е што една убава иде вака далеку одекна. Ме побара и градоначалникот. Имаме држава, а, за жал, мора да гледаме како луѓето заминуваат од неа. Каква е таа држава од која луѓето заминуваат?“, вели Хорват. Тој раскажува дека кога вработиле работници во „Техник“ кои дошле од други фирми виделе дека при испл на платите некои сметки се блокирани. „Му реков на шефот на финансии да седне со нив и да го реши проблемот.
Ги тргнавме луѓето од банкарски долгови и високите камати. На некои највредни работници им ја зголемивме платата, па не ни чувствуваат враќаат. Едноставен модел, а може да го спречи иселувањето. Во Хрватска е најубаво, но ако човек има пла 400 до 500 евра речиси невозможно е да се живее“, вели Хорват. Како што ја зголемиле платата, така ги зголемиле производството и квалитетот.
„Едноставна формула. Ако работодавачот има моралност, тоа мора да се препознае. Им помагаме колку шт можеме, воведовме 13. плата, а со тоа ја зголемивме продуктивноста. Не може да направите успешна фирм немате задоволни луѓе. Не може да направите квалитетен производ во кој не се вградени љубов и задоволс Добар производ може да направат само добар инжинер и добар работник. На сите им понудивме пет отсто повисока плата ако не пушат. Прво, пушењето е лошо за здравјето, а второ тој што пуши нема продуктивно може да се повреди на работа“, вели Хорват.
Кога работникот ќе добие дете, платата му расте за пет отсто. Просечната плата е околу 1 200 евра.
извор: репортер.мк