Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на плати, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, на ден 23.05. 2020 година се објавува:
ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ
до
невработените лица
Се повикуваат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот, односно:
- долгорочно невработени лица (евидентирани како невработени лица повеќе од 12 месеци)
- млади лица до 29 години
- лица постари од 50 години
- лица корисници на гарантирана минимална помош
- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
- жртви на семејно насилство
- лица со попреченост
- жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници
- лица припадници на ромската етничка заедница
- лица на кои им е решен статусот со лична документација
- самохрани родители
- родители на деца со пречки во развојот
- родители на 3 и повеќе деца
- родители на деца на улица
- осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
- бездомни лица
- поранешни корисници на дрога
- лица со незавршено средно или пониско образование
да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, каде редовно се евидентираат како невработени лица од 8.00 до 13.30 часот.
Секој работодавач што ќе вработи невработено лице од гореспоменатите целни групи ќе добие финансиска поддршка за исплата на бруто плата во износ од 19.000,00 денари, за период од 3, 6 или 12 месеци. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока бруто плата од субвенционираниот износ
Работодавачот е должен да го задржи лицето во вкупен работен период од:
- 9 месеци, за 3 месеци субвенционирање;
- 18 месеци,за 6 месеци субвенционирање;
- 24 месеци, за 12 месеци субвенционирање (за корисници на гарантирана минимална помош и Роми) и
- 30 месеци, за да користи 12 месеци субвенционирање.
Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, работодавачите и кандидатите.
Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници, односно до искористување на буџетските средства наменети за оваа мерка.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефонот 02-3111-850 и веб страната www.av.gov.mk