Патувањето до Штип во иднина нема да биде бесплатно. До крајот на јуни се очекува да приврши тендерската постапка за избор на фирма која ќе ги гради двете нови патарини на новата автопатска делница долга 47 километри. Двете наплатни рампи ќе бидат изградени кај Преод и кај Кадрифаково. Согласно владината одлука ќе чинат по 50 односно 70 денари. Или заедно со постоечката кај Скопје од главниот град до Штип патувањето во еден правец ќе чини 160 денари.
Покрај двете нови патарини кон Штип, нова рампа има и кај Демир Капија на автопатот кон Грција, таа е речиси готова. Иако се уште не се знае дали ќе биде пуштена во употреба пред новата туристичка сезона, според владината одлука тука ќе се наплаќаат 60 денари. На новата делница од Демир Капија до Гевгелија лани профункционира наплатната рампа која чини 100 денари.
Приходите од патарини во перидоот од јануари до април годинава се намалени за околу 10% споредено со лани. Во март и април, заради корона кризата намалувањето изнесува над 35% споредено со истите месеци во 2019 година.