Црна Гора ја прошири листата на држави чии граѓани можат да влезат во земјата.
Националното координативно тело на Црна Гора, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи од 1 јуни да им дозволи влез на странците во земјата, и тоа без карантин и самоизолација.
Првично, оваа одлука важеше само за државјаните на Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Полска, Чешка, Унгарија, Албанија и Грција, а сега истата е проширена и за посетители од Босна и Херцеговина, Македонија и Косово. За Србија забраната останува да важи.
Во иднина, влез ќе им биде дозволен на државјаните на земјите чиј број на активни случаи на Ковид-19 е помал од 25 на 100.000 лица.
Листата ќе се ажурира еднаш неделно.