Извршниот директор на „Гугл“, Сундар Пичаи, напиша на својот блог дека технолошкиот гигант на секој вработен ќе му даде додаток од 1.000 долари, или еквивалентна вредност во секоја земја, за да го потроши на потребната опрема и канцелариски мебел“, бидејќи вработените во компанијата во голема мерка работат од дома за време на пандемија на коронавирус.
Портпаролот на Google ги разјасни коментарите на Пичаи, истакнувајќи дека парите може да се користат за ергономски столчиња или биро. Портпаролот одби да коментира за тоа како парите ќе им бидат исплатени на вработените.
По објавувањето на блогот, Пичаи напиша дека компанијата ќе дозволи дел од вработените да се вратат во канцеларија од 6 јули, што претставува „приближно 10 проценти“ од вкупната работна сила. Пичаи додаде дека ќе има „строги мерки на здравјето и безбедноста за да се осигури дека се следат упатствата за социјално растојание и хигиена“.
Околу 30% од приближно 115,000 вработени во Google може да се вратат на работа во периодот на месец септепмри - повторно, под претпоставка дека условите тоа го дозволуваат.
Пандемијата на коронавирус предизвика многу компании да подразмислат како и каде работат нивните вработени, вклучително и некои од најголемите играчи во Силиконската долина.
Претходно овој месец, извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, изјави за „Фајненшал тајмс“ дека дури половина од вработените во компанијата може да работат од дома во наредните пет до десет години.
„Сквер“ и „Твитер“, водени од Џек Дорси, рекоа дека нивните вработени би можеле да работат од дома на неодредено време.