![НЕМА СЛОБОДЕН ВЛЕЗ НИ ВО БУГАРИЈА: Задолжителен карантин за македонски државјани](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/ce/cf0f85ec-resize-820x0x100.jpg)
Бугарското Министерство за здравство издаде наредба за задолжителен 14-дневен карантин за лица кои од Македонија ќе пристигнат во Бугарија.
Имено, како што јави БГНЕС, со истата наредба се укинува задолжителниот двонеделен карантин за граѓаните кои пристигнуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора во Бугарија.
Двете промени се предложени од Главниот државен здравствен инспекторат на Бугарија по оценката на епидемиолошката состојба и ризикиот од ширење на Ковид-19 во Бугарија.