![Хрватска укина уште една мерка](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/9a/94fad2a9-resize-820x0x100.jpg)
Во текот на вчерашниот ден Хрватска укина уште една рестриктивна мерка поради тоа што во изминатите 24 часа немаше ниту еден позитивен случај на Ковид-19, објави Националниот совет за цивилна заштита.
По поволната епидемиолошка состојба, советот вчера донесе Одлука за изменување на Одлуката за работно време и начинот на работа во трговските дејности за време на прогласената епидемија на Ковид-19, со која се укинува задолжителната едночасовна пауза помеѓу две смени за смена на работниците и дезинфекција на просториите во продавниците кои работат во две смени.
Се разбира, тоа не значи дека дезинфекцијата повеќе не е потребна, напротив, советот препорачува продавниците редовно да се чистат и дезинфицираат во согласност со препораките и упатствата на Хрватскиот институт за јавно здравје.