Важноста на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба е продолжена и тие важат до 31 јули 2020 година.
За ова информираше и МВР кога пред неколку недели владата донесе уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи на државјаните на Република Македонија за време на вонредната состојба, со кои се продолжува нивниот рок до 31 јули 2020 година.
– Тоа значи дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак сакаат да извадат нови документи, на располагање секој работен ден се службите на МВР, се појаснува во соопштението од МВР.