Хонда беше принудена да го прекине глобалното производство на еден ден поради хакерскиот напад што се инфилтрирал во внатрешните сервери во Токио, јавува „Фајненшл тајмс“, пренесува „Engadget“.
Хонда го открила вирусот во понеделникот, и велат дека тој влегол во системот преку е-пошта на еден работник, а потоа во другите софтверски системи на компанијата.
Поради тоа, работниците биле испратени дома ден, и покрај тоа што поголемиот дел од работата продолжила.
Фабриките во Охајо во САД и Турција продолжија да работат со намален капацитет, додека фабриките за производство на мотоцикли во Бразил и Индија биле целосно затворени на еден ден.
За нападот се верува дека влијаело врз работењето на системот за анализа на возилото.
Додека овој хакерски напад бил насочен кон серверите на компанијата, се повеќе расте загриженоста дека автомобилската индустрија се повеќе има потреба од дополнителна безбедност, особено затоа што сè повеќе возила се поврзани на интернет.
Engadget забележува дека во минатото имавме можност да гледаме хакери да контролираат возила преку текстуални пораки и да украдат возила со хакерски клучеви, поради што Фиат Крајслер повлече 1,4 милиони возила од пазарот.