На прашањето за неговата неодамнешна изјава дека е против вакви мерки и казнувањето на граѓаните, Чулев смета дека бил изваден од контекст и тој смета дека со тоа не го поттикнал непочитувањето на мерките од страна на граѓаните.
Тој додаде дека се забранува групирање на две лица и задолжително е носење на маски на отворено доколку не се држи дистанца од два метри.
„Казната е 20 евра доколку бидете фатени како не носите заштитна опрема, која што би изнесувала 10 евра доколку се плати на лице место“, изјави Чулев.
Чулев им порача на граѓаните доколку сметаат дека се неправедно казнети можат да вложат жалба.