Мерката скратена работна недела треба да биде претставена идната недела пред јавноста во Хрватска.
Министерот за труд Јосип Алдаровиќ соопшти дека мерката скратена работна недела треба да биде претставена идната седмица, и дека ќе може да ја користат компаниите со повеќе од 10 вработени, а финансирањето по работник ќе изнесува околу 265 евра.
Работната група во која се претставници на владата, синдикатите и работодавачите имала неколку состаноци на кои мерката за скратена работна недела детално се разработила, пишува Vecernji list.
Консензусот е веќе постигнат и до крајот на неделата би требало да се дефинираат сите критериуми.
Нејзиното користење ќе биде можно од први јуни до крајот на годината, а ќе може да ја користат работодавци со повеќе од 10 вработени.