Секоја личност која стекнала материјално богатство вложила одреден напор. Во продолжение прочитајте кои две правила се водилка на богатите, додека некои го игнорираат.
Позната е приказната за “доби на лото“ или поговорката “како дошло така пошло“. Некој добива голема сума на пари на игри на среќа или наоѓа паричник полн пари, и по правило брзата среќа уште побрзо исчезнува. По брзиот подем следи стрмоглав пад.
Добрите навики се клуч за успех
Финансиски навики – начинот на кој трошите пари секој ден, ве прават богати или сиромашни.
Исто како што навиката за пушење го поткопува здравјето, толку лошите финансиски навики водат кон сиромаштија и спречуваат стекнување богатство.
За да стекнете богатство не се потребни посебни таленти. Доволно е да станете финансиски писмени (да научите како да управувате со пари).
Совет: Научете да заработите пари. Не трошете на глупости. Редовно одделувајте дел од приходите и инвестирајте во вистинските работи.
Позитивен став
За да заработите пари, треба да работите напорно секој ден. Одлични и видливи резултати не можат да се постигнат веднаш: Но, не губете ја вербата и најважно е да верувате во себе!
Совет: Не дозволувајте привремени грешки да ве обесхрабрат и да ве тргнат од патот до успехот. Секогаш имајте позитивен став и верувајте дека ќе успеете.