![КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ОДЛУЧИ: Препорака за отворање на фитнес центрите ќе даде в четврток](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/fc/f50286cf-resize-820x0x100.jpg)
На денешниот состанок, Комисијата за заразни болести, меѓу другото одлучи дека се уште е рано да се отвораат и фитнес центрите, па препорака за нивно повторно функционирање, како што велат за Фактор, ќе дадат на состанокот што ќе го одржат во четврток.
Инаку, како што информираат од Комисијата, и овие субјекти се добро организирани и подготвени за работа, почитувајќи ги сите протоколи и превентивни мерки.
Останува уште само кај некои од фитнес центрите да се направи последен увид од страна на инспекторите.
-По нашата препорака, се очекува Владата да даде зелено светло за отворање и на фитнес-центрите. Со ова практично се реализира олабавувањето на рестриктивните мерки од третата фаза кои беа воведени заради епидемијата, велат за Фактор извори од Комисијата за заразни болести.