Стив Џобс ниту еднаш не си го поставил тоа прашање, без разлика колку се сомневал во својот успех
Ако доволно мотивирано работиш на тоа, можеш да станеш лидер, но некои луѓе едноставно се раѓаат како лидери и имаат харизма што ќе ги натера луѓето околу нив да ги следат каде и да одат, да ги слушаат што и да кажат и секогаш да очекуваат нешто големо од нив.
Патот кој треба да се изоди за да се стане добар лидер не е воопшто лесен. Многумина ќе се посомневаат во себе. Но најдобрите лидери, оние со најголема самодоверба, нема никогаш да ги слушнете да си го постават ова прашање. Тоа е прашањето што ги разликува добрите од најдобрите.
"Дали го правам ова правилно?"
Стив Џобс никогаш не си го поставил тоа прашање, без разлика колку се сомневал во својот успех. Тој секогаш и во секоја ситуација се поставувал на начин што сугерира дека знае што прави и знае каде оди. Тој затоа секој свој производ го нарекувал одличен, велејќи дека човек мора да биде луд ако не го купи. Таквиот став му се исплатеше и сите веруваа во таков лидер, свесни дека ги води кон некоја цел.
Ако се свртите на назад и си го поставите ова прашање, ќе пробудите сомнеж, кој се шири со брзина на светлината. А така патот до целта е многу потежок.