28 години традиција, доверба и здравје – ВИОЛА Аптеки
М-р. Катица Мицевска веќе 15 години е дел од тимот на Виола, вработена на позиција Раководител во аптеката Виола во Центар, Градски Ѕид
Огромна е бројката на пациенти на кои таа срдечно им помогнала, давајќи им соодветна терапија. А кога некој го сака тоа што го работи, годините искуство му носат само напредок, задоволство и нови знаења. Токму таква е и приказната на Катица, која накратко ни објасни што значи да се биде дел од комапнија како Виола, цели 15 години.
Кажете ни нешто повеќе за Вашите почетоци во Виола, како дознавте за можноста за вработување во компанијата и кои беа вашите првични очекувања во врска со работата?
Преку оглас за вработување. Прво сакав да ја научам професијата, бидејќи стекнатото знаење на факултет е само појдовна точка во понатамошна надградба на знаењето и помош на пациентите.
Во што, според Вас е убавината на Вашата професија?
Убавината во мојата професија е токму тоа што го работам во моментот, разговор со пациентите, давање на соодветна терапија и на тој начин да им помогнам.
Работевте во и за време на најстрогите мерки против Ковид-19. Што Ве мотивираше во тие денови и како се справувавте со стравот и паниката на вашите потрошувачи?
Работевме во склад со мерките препорачани од Владата на РСМ, со почитување на сите препораки за заштита како што се стаклени паравани, т.е. заштитни стакла, носење на маски, ракавици и визири, дезинфекција на аптеката, кои ни ги обезбеди работовавачот и со држење на растојание. Пациентите примерно влегуваа заштитени со маски по еден во аптека. Со тоа се избегна можноста за пренесување на вирусот, а при тоа на мое задоволство успеав да им дадам соодветна терапија и помош при избор на правилни лекови и додатоци во исхрана како и витамини со што би се заштитиле соодветно од вирусот и како би го подобриле имунитетот и општото здравје.
Кажете ни нешто повеќе за Виола како работодавач. Како компанијата се грижи за своите вработени?
Како прво редовна исплата на плата, дополнителни стимулации за остварени акции, обезбеден годишен одмор според Закон и можност за напредување во фирмата. Од самиот почеток фирмата се грижи на нововработените да им обезбеди услови да стекнат соодветно и квалитетно знаење од своите постари и поискусни колешки, поради што и јас самата со задоволство воведов во професијата и многу нови искуства и знаење кај помладите колешки. Со текот на годините и знаењето што го стекнав, станав раководител на аптека.
Што би им порачале на кандидатите кои се заинтересирани да ви се приклучат во тимот?
Со задоволство да го сторат тоа, бидејќи Аптеките Виола се познати во нашата држава како фирма која се грижи за своите вработени и пружа добри услови за работа и стекнување на знаење и напредок. Довербата во аптеката и особено во фармацевтот кој Ве услужува и Ве советува за Вашата терапија или избор на производ е многу важна. Тимот на Виола е составен од стручни и елоквентни професионалци во својата област, на кои може да се потпрете и да ги научите пациентите дека може да го доверат своето здравје ва Ваши раце.
Препорачувам држење на дистанца, носење на медицински маски, дезинфицирање на рацете почесто. Сето тоа придружено со Витамин Ц од 1000мг BiosLine TRE-TARD со тројно дејство.
Станете и вие дел од тимот на Виола! Аплицирајте за некоја од отворените позиции: