Финансиска помош за скопските занаетчии
Град Скопје, со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање, објави јавен повик за субвенционирање занаетчии во главниот град за набавка на потребни алати и репроматеријали.
Средствата со кои Град Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребните алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Субвенциите важат и за алат и за репроматеријал набавен од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 15.12.2020 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година. Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени милион денари. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање субвенција.