Комисијата за заразни болести денеска дозволи да се организираат настани, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Комисијата го прифатила предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани, кои биле заедно на состанок минатата недела, и како што рече Филипче, донеле еден навистина солиден протокол со строго контролиран влез.
„Денеска се дозволи да се организираат настани. Капацитетот да биде пополнет не повеќе од 50 проценти на местото каде се органиизира настанот и картите да се продаваат електронски за да не се прават гужви и редици, а исто така задолжително да се носат маски. Станува збор за одличен протокол и здруженијата земаат обврска, што е за пофалба, сами да го контролираат спроведувањето на мерките таму каде што се организираат“, рече министерот.