![Со воден мост и виножито пречекан првиот авион на скопскиот аеродром](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/53/d9226e35-resize-820x0x100.jpg)
На Скопскиот аеродром денеска по три и пол месеци слета првиот патнички авион.
Станува збор за „Туркиш ерлајнс“ кој со 104 патници и членови на екипажот слета на пистата на Меѓународрниот аеродром Скопје.
Беше пречекан со т.н. воден мост кој создаде виножито, што е типичен авијациски поздрав за добредојде.
Денеска се очекуваат 28 летови на аеродромот, на првиот ден од неговото реотварање.