Кога имал 25 години, Сем Алтман ја продаде својата старт – ап компанија за 43,4 милијарди долари. Сега е познат по тоа што е партнер во стартапот Y Combinator, којшто финансираше стартапи како Airbnb и Dropbox, а чија вредност се проценува на повеќе од 100 милијарди долари. Неодамна овој млад прептриемач на својот блог објави пост под назив “Како да се биде успешен“.
Ова се неговите совети за тоа како да се биде успешен.
Мислете сами
Една од најмоќните лекции кои треба да ги научите е да можете да сфатите што да правите во ситуации за кои се чини дека нема решение.
Верувајте во себе
Самодовербата е исто така многу важна, вели тој. “Најуспешните луѓе што ги познавам веруваат во себе скоро до точка на заблуда. Ако не верувате во себе, тешко дека ќе имате поинаков поглед на иднината“.
Сепак, подеднакво важно е да слушате и повратни информации.
Научете да се фокусирате
Многу е поважно да работите на вистинската работа, отколку да работите многу часови. Штом сфатите што треба да направите бидете незапирливи во остварувањето на приоритетите. Сè уште немам сретнато бавна личност која е многу успешна, вели тој.
Работете паметно и напорно
“Може да достигнете приближно деведесет проценти во вашето поле работејќи паметно или напорно, што е големо достигнување. Но, за да бидете 99 проценти успешни, треба да работите паметно и напорно – ќе се натпреварувате со други многу талентирани луѓе кои ќе имаат одлични идеи и ќе бидат подготвени да работат напорно“, вели тој.
Бидете упорни
“Голема тајна е дека можете да го обликувате светот по ваша волја – повеќето луѓе дури и не се обидуваат и само прифаќаат дека работите се такви како што се“, пишува Алтман.