Милијардерот Ворен Бафет сподели корисен совет за квалитетите што треба да ги барате кај кандидатите за кое било работно место.
Извршниот директор на Беркшир Хатавеј го сведе бројот на потребни карактеристики на три, но една сепак се истакнува.
Барајте три работи кај една личност - интелигенција, енергија и интегритет. Но, ако тие немаат интегритет, не се мачете да ги барате првите две, вели Бафет.
Ова е причината зошто интегритетот е толку важен за луѓето што ги вработувате, особено за вашите идни лидери:
Тој/таа нема да лаже
Во анкетата што неодамна ја спроведе Чекстер, 78% од кандидатите за работа признале во интервју дека лажеле или лажат за нивните препораки и способности.
Со скоро 8 од 10 лица кои лежат на интервју, шансите вашата работна сила да биде целосно составена од луѓе со енергија, интелигенција и интегритет не се големи.
Ова е веројатно причината зошто Ворен Бафет секогаш нагласува поседување интегритет.
Тој/таа нема да краде од компанијата
Интелигентни и енергични луѓе на кои им недостасува интегритет се оние кои ќе проневерат пари од вашата компанија, ќе продаваат информации на конкурент или ќе си дадат отказ и ќе ги однесат со себе сите свои клиенти.
Тој/таа се држи до својот збор
Да се има интегритет значи, меѓу другото, дека јазот помеѓу она што велите дека ќе го направите и она што всушност го правите е мал.
Луѓето со интегритет го прават тоа што ќе го кажат и ги исполнуваат своите ветувања и обврски.
Тој/таа е асертивен/на
Мора да го прифатиме фактот дека конфликтот е неизбежен кога се вклучени човечки суштества. Наместо да бидат пасивно-агресивни и да избегнуваат конфликти, лидерите со интегритет храбро се соочуваат со проблемите.