Во низата проекти на Дрекслмајер за поддршка на лицата со посебни потреби се вброи и специјалното транспортно возило за оваа категорија на граѓани од Општина Кавадарци.
Поголема мобилност и подобра социјализација во општеството за неколку стотици лица со посебни потреби од Кавадарци ќе овозможи специјалното транспортно возило што Дрекслмајер го донираше на општината.
Возилото е адаптирано со автоматски управувана рампа за инвалидска количка и содржи потребен простор за превоз на опрема наменета за лица со посебни потреби. За неговото одржување ќе се грижи Општина Кавадарци, а со претходна најава ќе го става на располагање на здруженијата на лица со посебни потреби во градот, според нивните потреби.
На примопредавање на возилото беа присутни градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на здружението за лица со посебни потреби Михајло Михајлов. Генералниот директор на Дрекслмајер Лукас Мирингер им ги предаде клучевите од возилото и истакна дека грижата за лица со попреченост е една од приоритетните активности во рамки на општествената одговорност на компанијата. „Со донација на ова специјално транспортно возило и понатаму се подобруваат условите за живот на лицата со посебни потреби и сме чекор поблиску кон создавање на живот без бариери и за оваа ранлива категорија на граѓани“, истакна Мирингер.
Би сакал да се заблагодарам на компанијата Дрекслмајер за донираното возило кое ќе им служи на нашите сограѓани со различни видови на попреченост. Дрекслмајер до сега со многу реализирани проекти покажа голема општествена одговорност и грижа за заедницата. Се надевам дека и во иднина ќе имаме добра соработка, рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Ова е трето возило од ваков тип што компанијата го донира за оваа ранлива категорија на граѓани. Претходно и Здруженијата на лица со посебни потреби од Велес и Градско добија на подарок специјално транспортно возило од Дрекслмајер. Целта е зголемување на мобилноста и подобрување на процесот на социјализација и инклузија во општественото живеење.
СИТЕ ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ ВО ДРЕКСЕЛМАЕР СЕ ОВДЕ
DRÄXLMAIER Group e меѓународен автомобилски добавувач со повеќе од 60 фабрики во дваесет различни земји. Со главно седиште во Германија, компанијата брои околу 75.000 вработени ширум светот. Благодарение на нив и на иновативниот капацитет, DRÄXLMAIER Group го постигна технолошкото водство во премиум сегментот на автомобилската индустрија. Иноватор во областа на специфично производство на кабелски сетови прилагодени на барањата на клиентот, DRÄXLMAIER Group денеска е пионер во областа на иновациите за конвенционални и алтернативни системи, како и електрични и електронски компоненти. Помеѓу другото изработува и мултиволтажни и високо волтажни кабелски сетови, како и високо волтажен батериски систем. Како лидер на пазарот во изработка на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите автомобилски производители со централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и модули за врати и кокпит модули. Во 2019, годишниот обрт на компанијата изнесуваше 4.9 милијарди евра. Клиентите на DRÄXLMAIER Group се вбројуваат меѓу првите 100 автомобилски добавувачи: Audi, BMW, Mini, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen како и калифорниски автомобилски производители.