Успешен менаџер е оној кој без разлика на годините искуство не престанува да учи и да се надградува, да ги следи светските трендови и иновации и да го пренесува своето знаење на својот тим. Само така тој може да биде двигател на успехот на секоја компанија. Токму таква е и приказната на Јадранка, дел од студентите во Data Masters:
Јадранка е еден од студентите на обуката за Business Intelligence & моделирање на податоци од Data Masters. Таа има 10 години работно искуство во финансии, 9 години искуство во supply chain и долгогодишно менаџерско искуство во меѓународни компании. Таа по професија е економист (MBA од IEDC Bled School of Management), а завршила и магистерски студии по логистика во Италија.
Како се одлучивте да се запишете на обуката за Business Intelligence & моделирање на податоци?
Корисник сум на Power BI Tools повеќе години. Откако се запознав со предностите на BI tools престанав да користам Power Point и да губам време на апдејтирање на табели и презентации. Добив желба да не бидам само корисник туку самата да научам да работам со Power BI, со цел уште повеќе да ја зголемам својата ефикасност како и ефикасноста на мојот тим, да знам прецизно да ги пренесам своите барања на IT секторот и да бидам способна некоја анализа за кратко време да ја спроведам сама.
Вие сте Менаџер за логистика. Како Ви помогна обуката по Business Intelligence во секојдневното работење?
Обуката за мене беше од исклучително значење бидејќи секојдневно работам со преголем број на податоци, измени добиени од купувачите, секојдневни промени во производните планови, застои коишто се случуваат во supply chain, кои доколку не се анализираат на време може да придонесат до големи загуби и директно да влијаат негативно врз профитабилноста на компанијата. Преку SQL и Power BI алатките можам во кратко време да ја видам големата слика и по потреба да навлезам до најситните детали како би можела да донесам правилна одлука.
Дали би можеле да го опишете Вашето искуство на обуката?
Поголемиот дел од животот сум го поминала во надоградување и обуки надвор од нашата држава и морам да кажам дека сум многу пријатно изненадена дека и кај нас постојат квалитетни и посветени професионалци како што се консултантите од Data Masters. Програмата е концизна, business decision oriented, а кадарот е стручен и несебично помага на сите слушатели на обуката. Ми се допадна што секој од нас имаше прилика да постави real case прашања и заеднички да се најде соодветно решение. Атмосферата беше пријатна и морам дека го проширив кругот на познаници со луѓе од разни индустрии.
Дали имате некој совет или пак порака за некој кој сака да научи повеќе од оваа област а нема техничка позадина?
Техничката позадина се учи. Лицата кои сакаат да ги прошират своите знаења и кои воедно поседуваат бизнис искуство им препорачувам да ја слушаат оваа обука. Добитна комбинација за успех во денешно време и во иднина е специјализираност во одредена област надополнета со техничко знаење од IT индустријата. Без ваква надоградба, истите за максимум две години нема повеќе да бидат конкурентни на пазарот на труд.
Повеќе успешни приказни на студентите на Data Masters прочитајте тука.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ОДЛИЧНА ШАНСА од Data Masters: Обуки со ваучер за ИТ-вештини за најбараните професии денес
Биди дел од индустријата која го менува светот...