Обуките за професијата на иднината се достапни сега и во Data Masters... и тоа со ВАУЧЕР!
Александра Крстевска и Катерина Јангеловска денес се дел од тимот на Data Masters. Нивниот почеток во оваа област бил како студенти на обуките за Business Intelligence и Data Science, токму во Data Masters. Можностите кои ги нуди Data Masters се огромни, обуките супер квалитетни, а доказ за тоа се успешните приказни на Катерина и Александара:
1.Александра зошто Business Intelligence и зошто во Data Masters?
Business Intelligence е релативно нова гранка кај нас, која сметам дека е многу значајна за секој бизнис особено при decision-making и идентификување на подобри бизнис можности. Data Masters е единствена компанија која овозможува обуки од овој вид и има предавачи со долгогодишно искуство кои би знаеле на најдобар можен начин да ни го пренесат истото.
2.Дали би можела накратко да го опишеш твоето искуство на обуката Моделирање на податоци и Business Intelligence и колку успеа да ги исполни твоите очекувања?
Дефинитивно успеа :) Обуката беше навистина интересна, ми се допадна тоа што теоретскиот дел беше поткрепен со мноогу практични вежби, кои ми овозможија да го надоградам техничкото знаење, а воедно и да научам многу нови работи за тоа како еден бизнис функционира и колку е важно да се имаат правите информации и знаење за неминовен успех. Предавачите на обуката се дел од Data Masters тимот кои се искусни лица од таа област, секојдневно се соочуваат со работа на реални проекти и успеаа да ни доловат што значи Business Intelligence и каков е неговиот импакт.
Би сакала да нагласам дека она што го научив од оваа обука преку интерактивните и динамични часови ми овозможи да почнам со практична работа и да се надоградувам во ова поле.
3. Која беше клучната мотивација за пријавување на oваа обука?
Имав желба да научам какви знаења и вештини еден Business Intelligence Consultant ги поседува, а особено како техничкиот да го поврзам со бизнис делот.
4. Имаш ли некој совет или некоја порака што би сакала да ја споделиш со некој кој сака да научи повеќе од областа а сепак нема техничка позадина? Каков совет би можела да им дадеш на оние она кое се заинтересирани да дојдат на обуката?
Би им препорачала пред сe’ да не се откажуваат при првата најмала препрека, туку да им претставува предизвик и мотивација да ја решат истата. Секој материјал може да биде совладан, но најважно е да се вложи труд и време за исходот да биде позитивен. Доколку ги интересира оваа тематика и сакаат да научат нешто ново, интересно, корисно или да го надополнат своето знаење, да не се двоумат и да се пријават.
Катерина зошто Data Science и зошто во Data Masters?
Data Scienceкако наука отсекогаш била интересна и предизвикувачка за мене, бидејќи е спој од три различни сегменти: математика, информатика и бизнис. Со оглед на тоа дека сум дипломиран математичар и имам основни познавања од програмирање, помислив дека можеби токму оваа област е за мене и изразив желба да навлезам подлабоко во анализирањето на податоци и донесување на паметни бизнис одлуки базирани на информации и податоци. Ја одбрав Data Masters бидејќи e првата компанија во Македонија која овозможи обуки во оваа област, исто така предавачите се експерти со долгогодишно искуство кои ми овозможија да ја постигнам мојата цел.
Дали би можела накратко, со свои зборови да го опишеш твоето искуство на обуката Основи на Data Science?
Иако обуката траеше само 5 недели, тоа беше сосема доволно време за јас да сфатам дека ова е тоа со што би сакала да се занимавам во иднина. Како што напоменав и претходно, предавачите се одлични и секогаш достапни за помош и консултации. Нивното знаење, пристапот и начинот на кој беше пренесена секоја инфромација низ текот на часовите е нешто што ми овозможи да се здобијам со соодветното знаење.
Која беше клучната мотивација за пријавување на oваа обука?
Мојот интерес за изучување на Data Science и желбата да го научам Python ми беа клучната мотивација да се приклучам на оваа обука. Исто така, интересна е статистиката која е направена во изминатата година, дека Data Science е најплатената професија во моментот.
Како и колку оваа обука успеа да ги исполни твоите очекувања?
Со еден збор - максимално. Обуката ги исполни моите очекување пред се’ со одличните предавања и примерите преку кои можевме да навлеземе во реалниот свет на анализата на податоци.
Имаш ли некој совет или некоја порака што би сакала да ја споделиш со некој кој сака да научи повеќе од областа а сепак нема техничка позадина?
Според мене Data Science е поле кое ќе се развива и шири во иднина и за кое побарувачката ќе расте. Самиот факт што опфаќа три различни сфери, ни укажува дека е доста просперитетна и отвара различни можности. Техничката позадина е пожелна, но не е пресудна, секој кој е ентузијаст и има желба за учење, сметам дека со доволно труд може да го совлада материјалот. Исто така, уште една позитивна страна на оваа област е што помага во развој на аналитичкиот начин на размислување и логично расудување.
Дали би ја препорачала обуката на твоите колеги и пријатели? Каков совет би можела да им го дадеш на оние она кое се заинтересирани да дојдат на обуката?
Да, секако. Веќе им препорачав. Мојот совет е дека секоја препрека што ја имаме може да биде совладана преку вложен труд и голема желба за успех.
Повеќе успешни приказни на студентите од Data Masters прочитајте тука.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ОДЛИЧНА ШАНСА од Data Masters: Обуки со ваучер за ИТ-вештини за најбараните професии денес
Биди дел од индустријата која го менува светот...