Секој има право да биде неодговорен со трошење на пари понекогаш. Доколку станува збор за нешто што се случува одвреме-навреме, резултатите нема да бидат смртоносни. Но, ако постојано трошите пари на „луксуз“ или несериозни работи, ќе ја изгубите можноста да вложите пари во нешто потрајно – вашето образование.
Еве неколку примери за најголемото и најчесто непотребно трошење на пари:
Имиња на марки
Супер е да носите облека од некој од најпрепознатливите светски брендови. За некои, тоа е знак да се биде „кул“ и прифатлив за другите. Сепак, размислете колку тоа всушност ја зголемува вашата лична вредност и дали вреди да потрошите толку пари на скапа облека.
Намирници
Еден совет – не одете на шопинг кога сте гладни, ќе купите многу работи што не ви требаат! Истотака, непотребно е да се оди кај голем продавач на намирници кој продава само добро познати брендови, кога може да најдете производи со пониска цена во помалку познати маркети.
Користење картички наместо пари
Дебитните и кредитните картички се прекрасни погодности, но кога ги користите се чувствувате како да не трошите многу пари. Доколку извлекувате пари од џебот или чантата, трошењето пари изгледа пореално. Одете во вашата банка, подигнете доволно готовина за тековната недела, чувајте ја безбедно и користете ја само таа сума.
Не користите попусти
Имате многу можности да добивате попусти на многу места. Можеби не ги знаете сите попусти, но можете да проверите во неколку продавници дали имаат некаква лојална програма или во кои периоди од годината имаат попусти.
Не сте организирани
Ако сте личност која губи многу работи, тогаш на крај ќе потрошите многу пари. Да се организирате е тешко – некои луѓе едноставно не функционираат на тој начин. Но, можете да направите неколку работи – имајте корпа за ситни електронски работи, имајте еден агол од вашата соба каде одат сите чевли. Можеби изгледа неуредно, но барем ќе знаете каде да ги најдете.