Германскиот институт за економски истражување DIW и стартапот Mein Grundeinkommen започнаа експеримент во Германија за да утврдат како универзалниот основен приход влијае на ставот и животот на оние што го добиваат.
Како дел од пилот проектот „Основен приход“, 120 лица ќе добиваат по 1.200 евра месечно во рекот на следните три години, а нивните искуства истражувачите ќе ги споредат со оние на друга група од 1.380 лица кои нема да добијат пари.
Целта на ова истражување е да се стекне научно знаење за тоа како се менува однесувањето и ставовите на луѓето кога редовно добиваат пари на сметка без никакви услови, изјави истражувачот на DIW, Јурген Шуп во интервју за „Шпигел“.
Кога зборуваме за основниот приход, дебатата досега воглавно се однесуваше на тоа дали тие пари ќе ги мотивираат луѓето да се вклучат повеќе во економијата и општеството или пак ќе поттикне мрзеливост.
Високите трошоци за оваа програма се исто така контроверзни.
Така, исплатата од 1.200 евра месечно во Германија која има население од нешто помалку од 83 милиони жители, би ја чинело државата скоро 1 милијарда евра годишно.
Расходите на германската влада во моментов се нешто помалку од 1.500 милијарди евра, според податоците од Федералното биро за статистика Destatista.
Сличен експеримент беше спроведен и во Финска, а пред околу два месеци најавата за истата мерка стана актуелна и во Шпанија.