Компанијата на третиот најбогат човек во светот Илон Маск, Тесла планира да гради фабрика во Фремонт, друга производна линија во Шангај, како и фабрики во Берлин и Остин.
Илон Маск во моментов е третата најбогата личност во светот, а тоа се случи откако акциите на Тесла продолжија да растат.
Неговата компанија Тесла објави импресивно видео за тоа како изгледа производството во фабриката во Шангај.
Како што порано изјави извршниот директор на компанијата, целта е фабриката да изгледа повеќе „како вонземјанска“, отколку обична фабрика. Маск посочи дека првата верзија на производството на Модел 3 е само „верзија 0,5“ од целокупниот процес на производство и додаде дека во иднина ќе ги подобрува фабриките.
Фабриката „Гигафабрик“ во Шангај има капацитет да произведува 200.000 возила за една година, што е 4.000 возила неделно, и постои можност бројот на произведени автомобили да се зголеми во наредниот квартал.